Шеесет години од раѓањето на претседателот Трајковски

Денеска се навршуваат 60 години од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.
По тој повод на гробот на претседателот во Алејата на великаните на градските гробишта Бутел ќе биде положено цвеќе.
Градоначалникот Петре Латиновски ќе ја предводи делегацијата од општина Бутел, а цвеќе ќе положат претставници од сите основни училишта од општината, повеќе невладини организации и здруженија на граѓани, како и членови од семејството Трајковски.
Во чест на претседателот Трајковски ќе бидат прочитани песни од стихозбирката „Спомени за Борис Трајковски“ во која се застапени авторски песни на ученици од основните училишта во општина Бутел.
Од Алејата на великаните ќе полетаат шеесет гулаби, кои над македонското небо ќе ја понеса пораката за мир, за кој секогаш се залагаше претседателот Борис Трајковски.
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
