Македонија
26. December 2018 - 16:42

Шаторите повторно ќе бидат поставени спроти Собрание, градот повторно ќе ги тргне

Македонија блокира продолжува со протестите се до распуштање на Собранието и распишување нови избори. Во сабота ќе бидат блокирани раскрсници во сите градови во Македонија. Партијата Единствена Македонија која е дел од блокадите бараат од градот Скопје да им бидат вратени украдените шатори.

– Бруталната полициска интервенција на растурање на кампот нема да не поколеба, туку не прави уште посилни. Марионетската власт и досега спрема нас водеше политика на заплашување, следење, прислушвање, но, срамна епизода ќе ги удри уште посилно на земја.Македонија блокира проодолжува со блокадите до конечната цел. Продолжуваме и со блокадите низ цела Македонија  со цел раздвижување и своевидно загревање на народот пред масовното доаѓање во СКопје во периодот на финалното гласање во Собранието кога ќе биде решена дилемата или ќе дозволиме маринетската власт да избриуше се што е македонско или Македонија ќе победи !

Од партијата обвинија дека се лажни тврдењата на градските власти,  во кампот имало луѓе како и секој друг ден откако се поставени шаторите. Од градот Скопје го повторија својот став дека постапиле согласно законот.

Македонија Блокира има 84 членки. Дозвола за кампот имале се до 31 декември. Граѓански здруженија со шатори веќе неколку  месеци протестираат против постапката за  уставните промени во законодавниот дом. Од вчера тие повторно поставија знаме и маса на местото каде имаше шатори.