„Шарли ебдо“ во германско издание
Францускиот сатиричен магазин Шарли ебдо се појави денеска во прво издание на странски јазик, на германски киосци. Во обид да освои со својот провокативен хумор, објавија постер на кој е канцеларката Ангела Меркел прикажана на ВЦ-шоља.
Магазинот познат по зајадливи карикатури и коментари во изданието на германски јазик ја прикажува Меркел како седи на порцелански „трон“ и го чита тој неделник со наслов – Шарли ебдо ослободува.
Карикатуристот Лоран Сурисо, познат под уметничкото име Рис, кој беше тешко повреден во нападот во јануари 2015 година, верува дека Германија е добар пазар за фанцускиот сатиричен весник.
– Хуморот е секаде, дури и во Германија, изјави тој за АРД. Рис вели дека со објавување на магазинот на друг јазик се презема експеримент во обид Шарли ебдо да освои нови љубители кои ќе помогнат во негова одбрана.
Шарли ебдо сега се изработува на тајна локација што е последица од нападот врз нивната редакција во кој беа убиени 12 нивни членови.
Германската верзија ја уредува од Франција 33-годишник од Берлин. Печатена е на 16 страници во 200.000 примероци, и се состои претежно од написи и карикатури преведени од француски. Уредниците планираат во иднина и германска содржина.
Ново на Сител
-
Назначени нови директори на ЈСП, ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта
-
Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома
-
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети
-
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има
-
Повредени тројца од екипата на Итна помош откако беа заглавени во лифт во Кисела Вода што паднал во подрум
-
За пет месеци фреквенцијата на патници на ГП „Блато" зголемена за 14 отсто
-
Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка