-->
-->
„Шарли ебдо“ објави карикатура на ураганот Харви
-->
Француското сатирично списание „Шарли ебдо“ на насловната страница од новиот број, што излезе денеска, објави карикатура за ураганот Харви, од кој се предизвикани огромни штети во американската држава Тексас.
Карикатурата вчера беше објавена на Фејсбук страната на списанието.
На неа се забележуваат знамиња на Третиот Рајх до половина потопени во вода. Од водата излегуваат раце, кои го прикажуваат нацистичкиот поздрав.
На цртежот има текст што гласи: „Бог постои! Тој ги удави сите неонацисти во Тексас“.
На тој начин списанието ги поврза поплавите што беа предизвикани од ураганот Харви со неодамнешните судири во Шарлотсвил, каде се судрија неонацисти и антирасисти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница