„Шарли ебдо“ и по 5 години од нападот останува критичар на општеството

Францускиот сатиричен неделник Шарли Ебдо, во новиот број посветен на петтата годишнина од терористичкиот напад врз нивната редакција, во кој загинаа 12 новинари и карикатуристи, ги критикува новите форми на цензура и „нови гуруа на форматираната мисла“, објавија денеска француските медиуми.
Неделникот утре ќе ги продолжи своите критики кон општеството во сатиричен дух и со црн хумор, токму на годишнината од нападот, кој не се откажа дури и по нападот, јави Бета.
„Вчера можевме да го пцуеме Бога, војската, црквата и државата … Денес треба да научиме да пцуеме тирански здруженија, малцински заедници, блогери и блогерки кои ни делат удари по рацете како мали школски учители“, напиша Рис, директор на редакцијата на весникот.
Рис нагласи дека „политичката коректност наметнува промена во правописот и не советува да не користиме зборови што можат да му пречат на некого“.
Новинарот ги критикуваше „новите цензори кои сметаат дека се кралеви на светот зад тастатурата на паметни телефони“.
„Поранешниот пламен на пеколот отстапи место на одвратните твитови“, додаде Рис, чиј весник по нападот ја продолжи сатирата и критиката на општеството и дека нема табуа.
На насловната страница е цртеж на кој се наоѓа џинов паметен телефон со натписи на главните социјални мрежи што го кршат јазикот и раката на карикатуристи. Насловот на цртежот е „Нови цензури … Нови диктатури“.
Новиот број вклучува и изјави од семејствата на убиените новинари, кои се заблагодаруваат на весникот за продолжување на борбата за слобода на изразување.
На 7 јануари 2015 година, браќата Шериф и Саид Куаши упаднаа во редакцијата на сатиричниот весник во Париз, и убија 12 познати новинари и карикатуристи, извикувајќи дека го одмаздиле пророкот (Мухамед).
Редакцијата на весникот оттогаш е преместена на непозната локација која наликува на, како што велат новинарите, бункер со вооружено обезбедување и решетки на прозорците.
Ден по нападот, Амеди Кулибали уби полициски службеник во предградието на Париз, а на 9 јануари уби четворица мажи што ги зеде како заложници во еврејската продавница во Париз.
Бран невидени џихадистички напади почна во Франција на 7 јануари 2015 година, при што загинаа 241 лице.
Десет месеци по нападот во јануари, уште еден, уште поголем терористички напад се случи во Париз на 13 ноември, при што загинаа 130, а беа повредени повеќе од 350 луѓе.
Ново на Сител
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод
-

Мицкоски: Можеме да прифатиме и гласање преку пошта, наша цел е да обезбедиме побројно гласање на дијаспората
-

Ангелов: Изби пожар во борова шума над филтер станицата во Штип, на терен интервенираат пожарникари и доброволци
-

Мицкоски: Со трговците ќе разговараме директно, без естрада, за зголемените маржи
-

Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања - првпат извршена во Македонија
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
