-->
-->
Шарапова две години без тенис
-->
Марија Шарапова доби двегодишна суспензија поради користење на забранетиот лек мелдониум, соопшти Меѓународната тениска федерација (ИТФ).
Поранешната број 1 во светскиот тенис и освојувачка на пет Грен слем титули, на почетокот од февруари објави дека за време на Австралија Опен била позитивна на допинг тестот.
Нејзината казна започна на 26. јануари, а бидејќи има 29 години веројатно на неславен начин ќе стави крај на својата кариера.
Шарапова во својата кариера има освоено 35 титули во сингл. Таа има титули на сите Грен слемови (две на Ролан Гарос и по една на Вимблдон, Австралија Опен и УС Опен).
Во периодот од 2003 до 2015 година секоја година освојувала најмалку по една титула, во кариерата одиграла 733 мечеви, победила на 80 отсто од нив, заработувајќи 36 милиони долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството