Шапуриќ и Серра: Унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Шпанија
Интерес за испитување на можностите за поголемо поврзување на македонските и шпанските компании во областа на производство на земјоделски производи и прехрамбена индустрија, градежништво, туризам и хотелиерство, и менаџирање со отпад и третман на отпадни води денеска бил искажан на средбата помеѓу министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании, Зоран Шапуриќ со амбасадорот на кралството Шпанија, Емилио Лорензо Серра и директорката на регионалната канцеларија за економски прашања на Шпанија, Ева Поведано Морено.
Како што соопштија од кабинетот на Шапуриќ, министерот ги запознал амбасадорот Лорензо и доректорката Морено, со активностите на Владата за приближување на Македонија кон Европската Унија и НАТО, на што амбасадорот Емилио Лорензо изразил задоволство од враќањето на Македонија на патот кон евроатланските интеграции, и упатил честитки кон граѓаните и Владата на Република Македонија за успешно одржаните фер и демократски локални избори, според високите стандарди на ЕУ.
Директорката Морено го информирала министерот Шапуриќ за иницијативата за организирање на економски панели во Шпанија на кои би се презентирале можностите за соработка помеѓу македонските и шпанските компании.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар