Шампионот стартува на 24.јули
Ракометарите на Вардар, првиот собир пред почетокот на новата сезона, ќе го имаат на 24 јули во Скопје. Клубот соопшти дека до почетокот на сезоната црвено-црните ќе настапат на два турнири, во Германија и во Франција, а на 18. август, во Струга, против Металург, Вардар ќе го одигра и натпреварот од Супер купот на Македонија.
Евроспкиот првак од пред две сезони започнува нова ера во клупската историја откако голем број на играчи, заедно со тренерот Раул Гонзалес, си заминаа од клубот. Во новата сезона Вардар од клупата ќе го предводи Гарсија Парондо, а до почетокот на подготвките треба да биде комплетиран составот.
Турнирот во Германија е планиран во перидот од 10. до 1. август. Според програмата, прв противник на Вардар ќе биде Хамбург.
Следниот ден (11 август) во зависност од исходот од првиот натпревар, Вардар ќе одигра уште две средби со ривали од другите натпревари.
На овој турнир ќе играат и екипите на: Лајпциг, Монпелје, Фуксе Берлин и Кристијанштад.
Од Германија, ракометарите на Вардар ќе се вратат во Скопје, а на 18.август е натпреварот против Металург во Струга.
како завршен дел од подготвките е турнирто во Стразбур, каде покрај Вардар ќе учествуваат ПСЖ, Мешков Брест, Нант, Монпелје и Веспрем. Црвено-црните се во група со ПСЖ и Мешков Брест.
Ново на Сител
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето
-
Јулски снег во Словенија
-
Триесет и девет еколошки организации бараат од УНЕСКО да го стави Охридскиот регион на Листата светски наследства во опасност
-
Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион
-
Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница
-
До 12:30 часот девет активни пожари, еден локализиран
-
Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона
-
Мицкоски: Жално е што во 21 век во ЕП на талибански начин се оспоруваат македонскиот идентитет и јазик