Македонија
15. September 2023 - 16:41

Шаќири: Учебниците ќе стасаат до крајот на септември

Министерот за образование е убеден дека до крајот на септември ке бидат готови и доставени сите учебници, иако се уште нема увид до каде е целиот процес.

Во меѓувреме учениците учат од дигиталните учебници, но и тука има проблеми. Шестодделенците кои се уште се без хартиени учебници, имаат електронски учебник само за еден предмет.

Шаќири уверува дека проблемот брзо ќе се надмине.

И покрај ваквите состојби во основното и средно образование кое потфрла на секој ПИСА тест,  Шаќири светла точка гледа во универзитетите. Смета дека тие секоја година се повисоко се рангираат, иако на Шангајската листа во првите 1000 го нема УКИМ. Билјана Ангелова која денеска ја презеде ректорската функција не губи надеж дека во следните три години ќе се подобри ситуацијата.

Од УКИМ во неколку наврати се бараше државата да издвои поголеми финансии за научни истражувања кои ќе се пласираат во списанија со импакт фактор кои се вреднуваат на Шангајската листа.