Шаќири: Со СОНК денеска нема да се разговара за конкретна финансиска понуда
На денешната нова преговарачка средба помеѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука нема да биде понуден нов процент за повисоки плати во образованието. Тема на преговарите ќе бидат колективните договори за основно и за средно образование, а за нова финансиска понуда ќе се разговара на почетокот на идната недела.
– Конкретна финансиска понуда денеска нема да имаме. Ќе дискутираме за начин за изнаоѓање модел за конечната понуда и кога и како ќе почне да се реализира, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири пред новата преговарачка средба со СОНК закажана со почеток во 14.30 часот.
Посочи дека МОН има пресметки од Министерството за финансии и очекува на почетокот на идната недела, како што рече, „и за ова прашање да имаме конечен одговор и конечен догвор помеѓу двете страни“.
– Отворивме дискусија и сме при крај во преговорите за новите колективни договори и што ќе влезе во нив. Во секторот образование колективен договор не е потпишан повеќе од десет години, додаде Шаќири по учеството на семинарот за регионалниот проект „Заживување на наставата по француски јазик во образовните системи на земјите од Западен Балкан“.
Ново на Сител
-
На граничните премини нема подолги задржувања
-
Пет референдуми денеска и утре се одржуваат во Италија – Мелони и власта воздржани
-
Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-
Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис
-
Трамп го предупреди Маск: Финансирањето на демократи ќе има сериозни последици
-
Сончево и многу топло, до 38 степени
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија