Шаќири: Со Пановски може да направиме „чуда“ на локалните избори
Кандидатот на ДОМ и ЛДП за градоначалник на Скопје Арбен Бени Шаќири во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека со носителот на листата за советници, микробиологот Никола Пановски, може да направат „чуда“ по локалните избори доколку ја добијат довербата од граѓаните.
-Стабилен, паметен е и предизвик е да се работи со таков човек, можам да кажам слободно дека и тој е рокер. ЛДП го номинира него, а за мене понудата е од ДОМ. Луѓето дојдоа со молба, ајде да понудиме гратска нормална варијанта.
Кога дознав за Пановски, си реков дека сум направил паметен потег. Знам дека ќе бидеме одлучни и храбри со одлуките, не сме обременети со партиски директиви, можеме да бидеме слободни во прифаќањата на идеите, рече популарниот Бени во дневникот на Сител.
Ново на Сител
-
Во Хрватска денеска бојкот на пекарници и пекарски производи, од утре бојкот на нов трговски синџир
-
Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Стопанската комора на трговци на големо и мало на средба со министерот за економија
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција
-
14 февруари: Вepувањата зад Св. Трифун и Св. Валентин
-
Под лажен идентитет уапсен наркобос од Македонија на аеродромот во Женева
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Владата не ја донесе одлуката за ограничување на маржите