Шаќири: Реконструкции во основни и средни училишта за подобрување на условите за настава
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска го посети ООУ „Јосип Броз Тито“ во општина Струга, каде што е во тек замена на дотраените врати во училниците.
– Оваа инвестиција за која се одвоени над 700 илјади денари е со поддршка на Светска банка, нашиот партнер со кој интензивно работиме на унапредување на образовниот систем во земјава. Во текот на градежната сезона се работи во повеќе основни и средни училишта со намера подобрување на условите во училиштата, што верувам дека ќе влијае во зголемување на успехот кај учениците, изјави министерот.
Како што соопшти МОН, Шаќири потсети дека со буџет од над 4,5 милиони евра, предвидени се реконструктивни активности во 50 училишни објекти во повеќе општини низ државата до крајот на оваа календарска година.
-Средствата се обезбедени во буџетот на МОН, проектната единица за изградба на 145 спортски сали и рехабилитација на училишни објекти, а најголем дел од училиштата, односно 40 објекти ќе бидат опфатени со реконструктивни активности повторно со поддршка од Светската банка, информира Министерството за образование и наука.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок