Шаќири: Реално немаме пари за да испечатиме учебници по сите предмети во средното образование

Реално немаме пари за учебници по сите предмети во средното образование, вели за Детектор министерот за образование Јетон Шаќири.
Тој додаде дека главна причина за доцнењето на учебниците биле воведените реформи и дека само одделенија кои учат по нова програма имаат проблеми со учебниците, додека кај другите ученици иако со задоцнување, тие сепак се доделени. Шаќири вели дека ќе вложи максимални напори да не се повтори повторно учениците да останат без учебници.
“Според податокот кој сега го имам, не верувам дека целосно можеме да го затвориме стручното образование со учебници зашто се работи за многу предмети. Реално, за средното образование немаме за сите предмети. За основното се обезбедени за сите предмети и за новата концепција и делот што останува за средното образование ќе се надополнува.
Шаќири рече дека се уште не се размислува за опцијата учениците сами да си ги купуваат учебниците
Ново на Сител
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
