Македонија
16. August 2021 - 18:51

Шаќири: Нема да престанеме да работиме на реформа на државната администрација

Нема да престанеме да работиме на реформа на државната администрација додека не стане синоним за ефикасност, објави денеска на својот фејсбук профил, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

Ќе постигнеме ефикасна државна администрација преку:

– Целосна реорганизација на јавната управа;

– Јавно и значително дефинирање на надлежности на сите нивоа во администрацијата;

– Носење нов закон за висока раководна служба;

– Нов систем за овенување на институциите, а не на индивидите;

– Израмнување на платите во администрација за иста работа, објави Шаќири.