Македонија
6. јуни 2023 - 8:01

Шаќири на средба со претседателот на СОНК и претставници на Solidarity Center и Американската федерација на наставници

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ќе оствари средба со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков и со претставници на Solidarity Center, најголемата меѓународна организација за заштита и унапредување на работничките права со седиште во САД, како и претставници на Американската федерација на наставници.

Средбата ќе се одржи во просториите на Министерството за образование и наука.