Македонија
10. October 2025 - 12:27

Шаини: Мојата сопруга не е вмешана

Чуден заплет добива случајот со пукањето во Куманово во кое што актуелниот претседател на општинскиот совет во Липково и кандидат за нов мандат докторот Шаини доби 4 куршуми но за среќа успеа да преживее.

Лице кое очигледно се уште не е идентификувано со пиштол пукаше во неговиот автомобил. МВР првично ја осомничи сопругата и уште едно лице, но докторот денеска рече дека неговата сопруга не стои зад овој напад.