Шахпаска: Не е целосно исполнет капацитетот во градинките, 47 деца и 14 вработени се во изолација
Во моментот 47 деца од предучилишна возраст, односно три згрижувачки групи и 14 вработени се во изолација поради Ковид-19, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Единствено затворен е објектот во склоп на градинката „Ѕвездички“ во Чешиново-Облешево, кој, како што најави денеска министерката, ќе биде отворен утре.
Во градинките, според Шахпаска, се уште целосно не е исполнет капацитетот согласно протоколот за работа и има слободни места за сместување на децата.
– Од моментот на отворање на градинките на 9 септември ја следиме состојбата на дневно ниво. Нашите податоци од терен се дека се уште има слободни места. Дополнително, Владата не задолжи како ресорно Министерство да испратиме допис до градинките кои треба да ги исконтактираат родителите што имаат запишано деца, а не ги носат во градинка, да ја демонстрираат својата општествена одговорност и да го отстапат местото на оние родители чии деца се приоритет за сместување, истакна Шахпаска, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата.
Таргетот на Владата е во следните четири години да бидат отворени нови 7.500 места за сместување.
– Би било утопија доколку кажеме дека во нашите градинки, и во услови надвор од корона кризата, има место за сместување на сите деца. Затоа во изминатиот период изградени се 49 објекти за сместување на деца и 3.193 дечиња беа сместени. Нашиот таргет е до 2024 година во градинка да бидат сместени 60 проценти од децата во предучилишна возраст, односно да бидат отворени 7.500 места, рече Шахпаска.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово