Шахпаска – Ако дете во градинка добие температура ќе биде изолирано во посебна просторија!
Сите градинки ги добиле алгоритмите како да постапуваат доколку некое дете или пак вработен има симптоми слични на Ковид-19. Во тој случај, како што појасни министерката за труд и социјална политика, има посебна просторија каде ќе биде изолирано по што се известува родителот или старателот а потоа и епидемиолог.
Шахпаска на првиот ден од стартот на градинките по 6 месечна пауза поради пандемијата со Ковид-19, вели дека се уште има слободни места во градинките согласно протоколите што ги донесе Комисијата за заразни болести.
- Проценките на МТСП велат дека согласно протоколот во градинките има место за повеќе од 19.000 деца. Предност имаат деца на самохран родител или родители кои работат, а двајцата мора да се на работното место. Според податоците од градинките нешто повеќе од 14.000 деца се пријавени за посетување градинка, а има место за повеќе од 4.000 деца. Апелирам до сите чинители кои се вклучени во згрижувањето на децата од претшколска возраст при најмал сомнеж за Ковид-19 кај детето да алармираат. Министерството за здравство донесе посебни протоколи и алгоритми со постапки според кои се постапува со децата кои се сомнителни на Ковид-19, изјави министерката Шахпаска.
Од труд и социјала велат дека сите вработени во градинките носат маски а децата на прием влегуваат по претходно мерење на температура и дезинфекција.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции