Ф1
2. јуни 2020 - 12:16

Сезоната во Формула 1 почнува на 5 јули

Раководството на Формула 1 реши да ја започне сезоната на 5 јули, објави „Sky Sports“.

Сезоната ќе стартува со две трки во Австрија, закажани за 5 и 12 јули.

Исто така, навивачите чекаат двојни трки на Силверстон (2 и 9 август).

Покрај тоа, планирани се уште четири трки: во Унгарија (19 јули), Шпанија (16 август), Белгија (30 август) и Италија (6 септември).

Осум трки е минималниот број за една сезона да се смета за валидна. Но, раководството на тркачката серија инсистира на тоа дека имаат намера дополнително да го прошират календарот.