Северна Македонија и Кипар ќе воспостават дипломатски односи
На маргините на неформалниот состанок во Хелсинки на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и државите кандидати за членство, шефовите на дипломатиите на Република Северна Македонија и Република Кипар, ќе имаат средба и ќе потпишат документ за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји. Средбата на Никола Димитров со Никос Христодулидис ја потврдуваат и од македонското и од кипарското МНР, jави дописничката на МИА од Атина.
-На маргините на состанокот, се очекува министерот Димитров да оствари и повеќе билатерални средби со свои колеги, а со кипарскиот министер за надворешни работи, предвидена е и церемонија за потпишување на документ за воспоставување на дипломатски односи со Република Кипар, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија.
-На маргините на советот, господинот Христодулидис ќе оствари контакти и средби со негови колеги од земјите членки на ЕУ, додека пак заедно со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, господинот Никола Димитров, ќе потпишат заедничко соопштение за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Кипар и Република Северна Македонија, велат од кипарското МНР.
Датумот за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји беше договорен на средбата на Никола Димитров и Никос Христодулидис, минатиот месец во Атина, за време на конференцијата на „Економист“, на која учествуваа двајцата министри.
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд

