Северна Кореја забрани сарказам

Властите во Северна Кореја забранија сарказам во секојдневните разговори на сметка на лидерот на државата Ким Џонг-ун и неголвиот режим.
Според Индепендент, кој пренесува азиски медиуми, забранети се дури и посредни критики за севернокорејската Влада. Предупредување да не ја критикуваат власта, граѓаните добиле на низа митинзи одржани ширум државата.
- Државен претставник лично организирал состанок за да ги предупреди локалните жители на можни непријателски акции на внатрешни бунтовнички елементи, изјави недименуван извор од провинцијата Чаганг.
Тој нагласил дека главата порака била - „држете ја устата затворена“.
Предупредување е издадено и во соседната провинција Јангјанг.
На граѓаните им е порачано дека саркастичните коментари како - за се е виновна Америка - претставуваат „неприфатливи критики за режимот“.
Во изминатите недели двапати се појавиле графити во кои се исмеваат владата и лидерот, наведува Индепендент.
Ново на Сител
-

Еврејската заедница на иста линија со претседателката: Потребен е посебен полициски надзор за објектите на еврејската заедница
-

26.046 денари е новата минимална плата, Трендафилов ја напушти седницата на ЕСС и најави протести
-

Во среда ќе се избираат заменици министри во одбрана и образование
-

Утре ќе се прави уште една ексхумација на жена, поради сомнеж дека е жртва на серискиот убиец од кумановско
-

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на ДКСК Ристовска
-

СДСМ: Случајот Груби е режија
-

ССМ ја напушти седницата на економско социјалниот совет
-

ДКСК: Финишира предметот за Цвета Ристова
