Северна Кореја веројатно во најскоро време планира да изврши нуклеарна проба

Северна Кореја планира во најскоро време да изврши нова нуклеарна проба на полигонот Пхунгери во североисточниот дел на земјата, се наведува во извештајот објавен вчера од Американско-корејскиот институт на Универзитетот „Џон Хопкинс", пренесува БТА.
Американскиот сајт за следење на Северна Кореја „38 Норт" (38 паралела на север) соопшти дека сателитските снимки направени во четвртокот покажуваат засилена активност околу командниот центар за подземни експлозии. На фотографиите се гледаат многу возила и тоа може да биде знак дека претстои проба. Центарот се наоѓа на 6 километри од полигонот Пхунгери.
Да се предвидат нуклеарните тестови на Северна Кореја е тешка задача. Според јужнокорејски претставници Северот ја завршил подготовката за проба и таа може да биде направена во секое време. Последнота беше во јануари.
Вчера во Северна Кореја започна конгресот на Корејската работничка партија, наменет да ја потврди апсолутната власт на лидерот Ким Џонг-ун.
Ново на Сител
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
-

Седмоодделенец од Битола упатувал закани по живот на соучениците
-

Демографската слика во Македонија загрижувачка – Владата со 20 годишна стратегија за иднината на државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Македонија домаќин на Регионална конференција за справување со демографските промени
-

Муцунски: Услови за уставни измени нема
-

Берсе од Скопје: Наскоро решение за пресудите на ЕСЧП против Бугарија
