Северна Кореја упати остри критики до генералниот секретар на ОН
Северна Кореја упати остри критики против генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш поради неговата поддршка за санкции, кои би ја принудиле земјата да преговара со САД за денуклеаризација.
Официјален Пјонгјанг смета дека Гутереш „изгледа дејствува како следбеник кој ги застапува интересите на Вашингтон“.
Севернокорејското претставништво во ОН соопшти дека на Корејскиот Полуостров немаше да постои нуклеарен проблем, ако САД не водеа непријателска политика, која достигна до „нуклеарни уцени и закани“.
За претставниците на Пјонгјанг, изјавата на Гутереш на Минхенската конференција за безбедност на 16 февруари е „несовесно и злонамерно однесување засновано на силни предрасуди без дури ни навестување за непристрасност“.
- Генералниот секретар не кажа ниту збор против САД, кои се главните виновници за влошување на сегашната ситуација, истакнаа претставниците на Пјонгјанг.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
