Северна Кореја тестираше нови ракети

Северна Кореја вчера истрела два нови противвоздушни проектили за уништување на различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА) новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“.
Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна Кореја. Официјален Сеул вчера соопшти дека на 19 август јужнокорејски војници отвориле предупредувачки оган кон припадници на севернокорејската армија, кои накратко навлегле во Демилитаризираната зона.
Исто така во регионот се одржува заедничка воена вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, а за утре е предвидена средба на американскиот претседател Доналд Трамп со новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мунг.
МИА
Ново на Сител
-

Лука Кипровски влегува во WAKO PRO водите – дуел со шампионот Кликавац во Црна Гора
-

Објавена е првата официјална фотографија од новата серија за Хари Потер
-

Мицкоски: Од Савески очекувам да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор
-

Силно заладување на Балканот: Хрватска под црвен метеоаларм, Србија и БиХ со предупредувања за снег и невреме
-

Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција
-

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп
-

Јаневска: Очекувам од 1 октомври студентите да влезат во реконструираните домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“
-

Утре променливо време со дожд, снег на планините и посвеж викенд
