Северна Кореја предупреди на целосно уништување на непријателот во случај на војна
Северна Кореја се обврза на „тотално уништување“ на своите непријатели во случај на војна кога лидерот на земјата Ким Џонг Ун ќе издаде таква наредба, јави денеска државната новинска агенција КЦНА.
Високи воени функционери, вклучително и полковникот Ри Ун-рионг и командантот на морнарицата Јо Кјонг-сон, ги дадоа изјавите поради, како што наведува државната агенција на Северна Кореја, „растечката омраза“ кон САД и Јужна Кореја на состанокот на кој присуствуваше и Ким по повод 71-годишнината од примирјето во корејската војна.
Северна Кореја и САД немаат дипломатски односи, а преговорите за намалување на тензиите и денуклеаризација на Северна Кореја се во застој од 2019 година.
Државните севернокорејски медиуми неодамна посочија дека тоа не се очекува да се промени без оглед на тоа кој ќе биде избран за шеф на Белата куќа.
Иако Пјонгјанг ги обвинува САД и Јужна Кореја дека се решени да предизвикаат нуклеарна војна по секоја цена, севернокорејските воени претставници ветија дека ќе ја зајакнат воената ефикасност за да извршат „сеопфатен напад врз непријателот во секое време и без одлагање“ за целосно да го уништат кога лидерот Ким Џонг Ун ќе издаде таква наредба.
Северна Кореја потпиша договор за примирје со САД и Кина на 27 јули 1953 година, со што заврши тригодишната војна.
Американските генерали го потпишаа договорот во име на силите на ОН кои ја поддржуваа Јужна Кореја.
Северна Кореја тој ден го нарекува Ден на победата, иако примирјето го подели Корејскиот полуостров на приближно еднакви делови. Јужна Кореја не го слави овој ден со големи настани.
Низ Северна Кореја се одржаа свечености по повод одбележувањето на денот, вклучително и парада и колективен танц и огномет на главниот плоштад во Пјонгјанг.
Ново на Сител
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие