Северна Кореја предлага план за безнуклеарна зона на Корејскиот Полуостров

Официјален претставник на Владата на Северна Кореја претстави декларација, во која е изложен план за создавање на безнуклеарна зона на Корејскиот Полуостров, пишува официјалниот државен весник „Нодон синмун“.
Во планот се нагласува дека во таа насока може да биде постигнат голем напредок, доколку САД и Јужна Кореја му дадат на Пјонгјанг цврсти гаранции за безбедноста по пет точки.
Пјонгјанг инстирира од САД и Јужна Кореја да обезбедат информации за американското нуклеарно оружје на територијата на Јужна Кореја, да ги затворат американските воени бази и да го повлечат нуклеарното оружје, кое се наоѓа таму.
Според претставник на Пјонгјанг, Вашингтон треба исто така да гарантира дека САД нема повеќе да испраќаат во Јужна Кореја и на соседните територии, офанзивни нуклеарни средства, а исто така такви средства да не користат против Северна Кореја.
Во планот се додава дека САД се должни да ги повлечат од јужниот дел на Корејскиот Полуостров, американските војници, ополномоштени да употребуваат нуклеарно оружје.
Пјонгјанг смета дека САД и Јужна Кореја немаат причини да ги „отфрлаат овие праведни барања на Северна Кореја, доколку тие навистина се заинтересирани за решавање на нуклеарниот проблем на Корејскиот Полуостров“. Доколку ги отфрлат „Пјонгјанг како и досега ќе ги разработува и развива своите нуклеарни капацитети“.
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
