Северна Кореја печати купони наместо пари
– Странските медиуми повикувајќи се на неименувани севернокорејски извори објавија дека Пјонгјанг за да ја надмине економската криза и недостигот на храна печати купони наместо пари, одгледува украсни црни лебеди за храна.
Меѓународните набљудувачи тврдат дека прехранбената и економската ситуација во Северна Кореја е тешка и оти има сигнали делка земјата ја зголемува трговијата и добива голема хуманитарна помош преку Кина.
Јужнокорејската разузнавачка служба на вчерашното парламентарно сослушување зад затворени врати соопшти дека севернокоресјкиот лидер Ким Џонг-ун издал наредба за зачувување на секое зрно ориз. Според јужнокорејската агенција Северна Кореја презема и чекори за повторно отворање на границата со Кина и со Русија во следните месеци, што е затворена поради пандемијата со Ковид-19.
Оваа недела, севернокорејските државни медиуми ја промовираа потрошувачката на месо од црн лебед како медицински извор на храна, наведувајќи дека ново развиеното индустриско одгледување ќе помогне да се подобри животот на луѓето.
– Месото од црниот лебед е вкусно и е лековито, објави севернокорејскиот дневен весник Родонг Синмун, кој е во сопственост на владејачката партија.
Истражувањето за одгледување украсни птици за храна почна на почетокот на 2019 година, а властите им наложија на училиштата, фабриките и компаниите да одгледуваат риби и други животни со цел да ја зголемат сопствената независност во храната
Ново на Сител
-

22-годишник од Дебарско приведен поради вонбрачна заедница со малолетничка
-

УЕФА ја казни Француската фудбалска федерација со 10.000 евра за одложување на натпреварот со Белгија
-

Бели тартуфи тешки 850 грама продадени за неверојатни 100.000 евра во Италија
-

Приведени осум возачи поради „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Аркин Јахији ја презеде функцијата градоначалник на Општина Брвеница
-

Мицкоски: Правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва, а тоа е македонскиот јазик
-

Мицкоски: Како редовен универзитетски професор, јас сум им пријател на студентите
-

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено
