Северна Кореја негира дека е одговорна за глобалниот хакерски напад во мај
Северна Кореја ги отфрли обвинувањата од страна на САД дека стои зад глобалниот хакерски напад што се случи во мај годинава.
- Како што истакнавме повеќе пати досега, ние немаме ништо со тие хакерски напади и немаме потреба да одговараме на сите одделни апсурдни тврдења на САД, изјави портпарол на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја за државната новинска агенција.
Во хакерскиот напад беше употребена програма која бараше од сопствениците на инфицираните компјутери да платат надомест од неколку стотици долари во биткоин валутата, а во спротивно сите зачувани податоци на компјутерот ќе бидат избришани.
Над 300.000 компјутери беа инфицирани од вирусот кој привремено го онеспособи и компјутерскиот систем на британското јавно здравство
Ново на Сител
-
Дваесет и две американски сојузни држави го тужат Трамп поради укинување на правото на државјанство по раѓање
-
Скопје -Женева и Скопје - Париз, две нови линии од скопскиот аеродром
-
Импровизирана кукла со ликот на Маск обесена на плоштад во Милано
-
Сараево повторно на врвот на листата на најзагадени градови во светот
-
Скопјанец ја пријавил за исчезната невенчаната сопруга
-
6 лица повредени во сообраќајка кај Дебарца
-
Седница на собранието
-
СДСМ: Владата да најде лекови за Онкологија