Северна Кореја истрела три балистички ракети кон Јапонското Море

Северна Кореја денеска истрела три балистички ракети кон Јапонското Море, соопшти јужнокорејската армија.
Ракетите, кои беа истрелани изутринава во близина на градот Хванџу, прелетале на исток меѓу 500 и 600 километри кон Јапонското Море, соопшти Советот на генералштабовите на јужнокорејските вооружени сили. Во нивниот опсег била целата територија на Јужна Кореја.
Пред повеќе од една недела Пјонгјанг се закани дека ќе преземе „физички активности“ против американскиот противракетен систем, кој е лоцирана во Јужна Кореја.
Вашингтон во меѓувреме соопшти дека САД ќе изразат загриженост во во Обединетите нации поради новите севернокорејски ракетни проби, со кои се нарушуваат резолуциите на Советот за безбедност.
- Ќе изразам загриженост во ОН за да ја зајакнам решителноста на меѓународната заедница да ја принуди Северна Кореја да преземе одговорност за овие провокации, изјави портпаролот на Пентагон, Гери Рос.
Јапонскиот министер за одбрана Ген Натанаки истакна дека, севернокорејските ракетни проби се закана за безбедноста на Јапонија и целиот свет и претставуваат нарушување на резолуциите на ОН.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
