Северна Кореја: Говорот на Трамп е „кучешки лаеж“
Министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ри Џонг-хо, говорот на Трамп во Генералното собрание на ОН го нарече „кучешки лаеж".
Меѓутоа, острите зборови на Трамп, севернокорејскиот висок дипломат немаше можност да ги чуе, бидејќи демонстративно ја напушти салата пред говорот на американскиот претседател.
Ри Џонг-хо сепак ги коментираше заканите на Трамп, но пред седиштето на ОН. Тоа е прва официјална реакција од Пјонгјанг на говорот на американскиот претседател.
- Има една изрека која гласи вака: Дури и кога кучето лае, парадата продолжува, рече тој.
Севернокорејскиот министер за надворешни работи оцени дека „ако Трамп очекувал да изненади со звукот на куче што лае, тогаш тој очевидно сонува“.
На прашањето што мисли за изјавата на Трамп, кој го нарече севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „човек-ракета“ (rocketmаn) кој е во самоубиствена мисија", Ри Џонг- хо саркастично одговори дека „ги сожалува помошниците на Трамп".
Шефот на севернокорејската дипломатија во текот на утрешниот ден ќе има свое обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации.
Ново на Сител
-
Во Берово најстудено, најмногу снег на Попова Шапка
-
Јувентус заинтересиран за шпанскиот тренер Чави Ернандез
-
Барселона прва стигна до 100 гола: Напаѓачите на Флик најефикасни во Европа
-
Трамп не е 100 отсто сигурен дека не смее да се кандидира за трет мандат
-
На северот на Газа се вратија над 300.000 раселени Палестинци
-
Средба меѓу Зеленски и Макрон за безбедносната соработка и натамошната поддршка за Украина
-
Без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров
-
Решение за дефицитот на биолошка терапија за онколошките пациенти најавено за оваа недела