Северна Кореја ги блокира Фејсбук, ЈуТјуб, Твитер, јужнокорејските сајтови и Гласот на Америка

Северна Кореја објави дека на одредено време ги блокира Фејсбук, ЈуТјуб, Твитер, јужнокорејските интернет-страници и Гласот на Америка.
Владата во Пјонгјанг наведе дека се блокирани и „сексуалните и сајтовите за возрасни, како и за коцкање“.
Фејсбук и Твитер веќе неколку месеци неофицијално се блокирани и на социјалните мрежи не може да им се пристапи преку пребарувачите од Пјонгјанг.
- Секој кој ќе се обиде да ги хакира блокираните сајтови или се обиде да дистрибуира податоци кои се против Републиката ќе биде казнет според законите на Северна Кореја, се наведува во одлуката на севернокорејската Влада.
Се проценува дека повеќе од два милиони граѓани на Северна Кореја користата мобилни телефони, а пристапот до интернет, со мали исклучоци, е ограничен на лицата кои имаат дозвола за користење, но и тоа се надгледува.
Ново на Сител
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
