Македонија
21. јуни 2017 - 13:37

Сеуште нема одговор - Смртта на докторката од Нефрологија останува мистерија

 
Основното јавно обвинителство го води случајот за смртта на докторката од Нефрологија, 53-годишната Ј.М.С. Сеуште нема одговор дали се работи за убиство или пак самоубиство. Истрагата не е завршена, зашто според обвинителството било побарано дополнително вештачење за утврдување на причинско – последичната врска.
 
При увидот бил  забележан видлив убод со нож во пределот на вратот. Телото на починатата веднаш е дадено на обдукција, а од лице место се прибрани сите материјални траги и докази кои можат да помогнат во истрагата и истите се дадени на вештачење.