Сеул стравува од нови севернокорејски ракетни тестови
Јужна Кореја денеска соопшти дека нејзината армија е во состојба на целосна борбена готовност. по информациите дека е можно Пјонгјанг да изврши нови тестови на балистички ракети, по повод 72-годишнината од формирањето на севернокорејската Работничка партија.
Ваквите стравување се базираат на фактот дека Северна Кореја често изведува провокативни тестирање по повод одбележувањата на значајни годишнини.
Генералштабот на јужнокорејската Армија соопшти дека внимателно се следат движењата на војската на Северна Кореја, при што на одредеи локации е забележана „конзистентна раздвиженост на пресонал и опрема“, што би можело да претставува подготовки за уште едно тестирање.
Од Пјонгјанг засега нема најава за програмата за официјалното одбележување на годишнината од формирањето на Работниќката партија на 10 октомври 1945 година.
Северна Кореја на почетокот на септември ја изведе својата шеста и досега најмоќна нуклеарна проба, тврдејжи дека станува збор за тестирање на хидрогенска бомба, што може да се постави на балистичка ракета.
Ново на Сител
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија