-->
-->
Сеул: Северна Кореја ја уништи канцеларија за врски во Кесонг
-->
Изгледа дека Северна Кореја ја разнела канцеларијата за врски меѓу двете Кореи во пограничниот град Кесонг, соопштија денеска воени извори во Сеул.
Агенцијата Јонхап информира дека се гледа чад од областа каде што претходно се слушнала експлозијата и додава дека воените извори рекле оти се обидуваат да утврдат што точно се случило.
Северна Кореја претходно предупреди дека е подготвена да испрати војници во демилитаризирана зона што ги раздвојува двете Кореи.
Заканата е одговор на испраќањето летоци од Јужна во Северна Кореја.
Индустрискиот комплекс Кесонг е посебна економска зона на границата меѓу Северна и Јужна Кореја, со која заеднички управуваат Пјонгјанг и Сеул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
-
Анкета: Еден од тројца демократи смета дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка
-
Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати
-
УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис
-
На Табановце утринава се чека околу 20 минути