Сеул: Санкциите немаат за цел уривање на владата во Пјонгјанг

Санкциите кон Северна Кореја се воведени со цел да се принуди земјата да се откаже од нејзините нуклеарни амбиции, а не за да се урне Владата во Пјонгјанг, изјави денеска јужнокорејската министерка за надворешни работи Канг Кјунг-ва.
- Санкциите не значат крај сами по себе и не се воведени со цел да се урне Владата на Северна Кореја, туку да се натера да сфати дека нејзината иднина не е во нуклеарното оружје, туку во соработката со глобалната заедница за денуклеаризација, изјави Канг на Конференцијата за разоружување на ОН, што се одржува во Женева.
Според неа, меѓународната заедница треба да и упати силна порака до Северна Кореја.
- Нашата силна порака треба да биде дека Северна Кореја мора да донесе правилна одлука. Доколку го стори тоа, ние сме подготвени да работиме заедно за посветла и просперитетна иднина на Северна Кореја, порача Канг.
САД минатата недела во Советот за бебзедност предложија засилување на санкциите кон Северна Кореја, со цел да се зајакне притисокот врз Пјонгјанг за откажување од нуклерните и ракетните тестови. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп најави дека донел одлука за воведување пакет „досега најголеми санкции“ кон Северна Кореја.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
