Сетиен го пофали Гризман за натпреварот со Леганес
Тренерот на Барселона, Кике Сетиен го пофали напаѓачот на тимот Антоан Гризман за изданието на натпреварот против Леганес (2:0) во 29-то коло од шпанското првенство, и покрај тоа што Французинот немаше продуктивни акции.
– Сфатив дека нема да биде лесно против Леганес. Ако немате среќа со гол на почетокот на средбата, тогаш работите ќе станат посложени. Во нашиот случај, тоа се случи. Барселона започна добро, но подоцна дозволи неколку шанси пред својот гол. Последните 20 минути од средбата, ја контролиравме ситуацијата на теренот, но противникот добро се затвори во одбрана, беше тешко да се најде простор. Што се однесува до Гризман, не е лесно за оние кои го играат во нападот кога противникот ќе започне да се брани со голем број играчи, тешко е да се најдат слободни зони. Антоан го стори тоа повеќе или помалку, тој направи работа за која е достоен за пофалби. Тој дури постигна и гол, но истиот беше поништен, изјави Сетиен.
Барселона е лидер на табелата во Ла Лига со 64 бода по 29 натпревари. На второто место е Реал Мадрид, кој има 59 бода и еден натпревар помалку од Каталонците.
Ново на Сител
-
Ќе се откаже ли државата од придонесите за повисок минималец?
-
Инвесторите во ТИР зоните имаат потреба од стручен кадар
-
Најава за разрешување на одборот пред главната карневалска ноќ во Струмица
-
Како дел од карневалските празнувања за „Прочка“ во Прилеп прикажан обичајот „Амкање“
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво