Сервис за независно живеење на лица со хендикеп

Сервиси за лична асистенција – овозможување независно живеење за лицата со хендикеп во Македонија, е темата на работилницата што ќе се одржи денеска во Скопје.
Работилницата ја организира Полио Плус – движењето против хендикеп, во соработка со австрискиот Центар за стручна обука и рехабилитација поддржани од Федералното министерство за труд, социјална работа и заштита на потрошувачи на Австрија.
На работилницата ќе биде претставен концептот на лична асистенција за лица со хендикеп како сервис насочен кон поддршка на фундаменталното човеково право на лицата со хендикеп на независен живот и ќе се овозможи пренос на знаења од Австрија.
Од Полио плус соопштуваат дека на дводневната работилница детално ќе се разработи поимот и концептот на сервисот за лична асистенција за лица со хендикеп, согласно Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на ООН и ќе се овозможи компаративен преглед законодавствата на Македонија и Австрија. Воедно ќе се дефинираат улогите на корисниците и на давателите на оваа услуга, ќе се обрне внимание на категоризација на корисници, ќе се направи преглед на организирање, администрирање, евалуација и мониторинг на самата услуга и ќе се претстават минималните стандарди за квалитет при овозможување на услугата.
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
