Сериски педофил: За 10 години киднапирал и силувал стотици ученички
Индискиот шијач Субил Растоги во текот на сослушувањето во полицијата призна дека во текот на последните 10 години киднапирал, малтретирал и силувал стотици ученички, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на полицијата во Њу Делхи.
Растоги, 38-годишен семеен човек и татко на пет деца, бил уапсен во саботата во полициската истрага за сексуален напад во индиската престолнина врз три девојчиња на возраст меѓу девет и 10 години.
Во текот на распитите Растоги, кој живее во Рудрапур, во државата Утар Прадеш, раскажал дека секоја недела доаѓал во Њу Делхи за да го задоволи својот педофилски нагон. Негови жртви биле девојчиња на возраст меѓу седум и 10 години. Тој не знаел колку точно деца има силувано, но кажал дека можеби се стотици.
Засега Растоги е обвинет за трите случаи на силување, но се смета дека од 2004 година можеби силувал околу 500 девојчиња.
Можно е тој да се покаже како најголемиот сериски педофил во Индија во последните години.
Ново на Сител
-
Вучиќ за утрешниот протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите
-
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Украина ги отфрла тврдењата дека нејзините сили во Курск се опколени
-
Путин по средбата со Виткоф: Ќе видиме што ќе произлезе од ова
-
Во Берлин запалени четири автомобили на „Тесла“
-
Зеленски: Условите на Русија за прекин на огнот покажуваат дека таа земја сака војната да продолжи
-
Приведен скопјанец кој му се заканувал на инспектор од АХВ
-
Јахоски спроведен во „Шутка“ на 30 дневен притвор