Македонија
14. September 2015 - 17:59

Сериозни преговори за изборот на специјален обвинител

На еден ден пред истекот на рокот за избор на специјален обвинител, на иста маса седнаа преговарачките тимови на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА придружени од медијаторот Питер Ванхауте,  евроамбасадорот Аиво Орав и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Пратеникот Антонио Милошовски , кој е дел од преговарачкиот тим на ВМРО ДПМНЕ вели дека преговорите влегуваат во сериозна фаза.

Пред почетокот на преговорите, Американскиот амбасадор и Евроамбасадорот Орав беа на заеднички ручек. Бејли запрашан за очекувањата кратко одговори - ќе видиме што ќе се случи.

Со договорот од Пржино политичките партии се обврзаа да го изберат специјалниот обвинител најдоцна до 15 септември.