Фудбал
29. September 2015 - 9:13

Серија А: Прва историска победа за Фросиноне

Екипата на новиот прволигаш во Италијанското калчо, Фросиноне постигна историска победа против Емполи од 2-0 со што за првпат триумфираше во Серија А. 

Стрелци на головите беа Дионизи и Содимо со што Фросиноне се искачи на 16. место на табелата.