-->
-->
Серија А: Порази на Јуве и Милан
-->
Актуелниот шампион на Италија, Јувентус, со пораз ја започна одбраната на титулата. Јуве загуби од Удинезе и ја прекина серијата од 43 натпревари без пораз на домашен терен. Исто така Јувентус е првиот тим , по Сампдорија во 90-те години од минатиот век, кој одбраната на тиутлата ја започнал со пораз.
‘Старата дама’ во првиот меч од новата сезона го пречека Удинезе и загуби и покрај добрата игра. Единствениот гол го постигна Сирил Тили во 79.минута.
Дербито на првото коло, во Фиренца, и припадна на Фиорентина која со 2:0 славеше над Милан. Екипата од Милано речиси еден час играше со играч помалку.
Интер среќно ги освои бодовите против Аталанта, која од 70.минута играше со 10 фудбалери. Стеван Јоветиќ го постигна единствениот гол на натпреварот во 93.минута.
Во ‘македонското’ дерби Трајковски со Палермо славеше минимално со 1:0 над Џенова на Пандев.
Резултати:
Емполи-Киево 1:3
Палермо-Џенова 1:0
Јувентус-Удинезе 0:1
Сампдорија-Карпи 5:2
Сасуоло-Наполи 2:1
Фиорентина-Милан 2:0
Фросиноне-Торино 1:2
Интер-Аталанта 1:0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација