Фудбал
31. October 2017 - 10:12

Серија А: Перишиќ донесе победа за Интер

Екипата на Интер во последниот дуел од 11.коло од Серија А оствари победа на гости кај Верона со 2:1 и со тоа заедно со Наполи се двете непоразени екипи во италијанската лига и се наоѓаат на двете први позиции. Головите за Интер ги постигнаа: Валеро (36.минута) и Перишиќ (67), додека стрелец за Верона беше Пацини (59-пенал).
Интер е на втората позиција на табелата со 29 бодови, два помалку од Наполи кој е лидер (31). Следуваат Јувентус и Лацио со по 28 бодови.