-->
-->
Серија А: Наполи подобар од Милан
-->
Фудбалерите на Наполи во одличниот дерби дуел од второто коло на италијанската Серија А во саботата го совладаа Милан со 4-2 остварувајќи ја првата победа сезонава, додека Јувентус ја оствари и втората победа на стартот победувајќи го со 1-0 Лацио во Рим.
Наполи поведе со 2-0, но Милан потоа успеа да изедначи, за на крајот од мечот домаќините да постигнат уште два гола за голема радост на трибините.
Творци на победата на Наполи беа Полјакот Аркадиуш Милик и Шпанецот Хозе Калехон. Првиот ги постигна првите два гола, во 18 и 33 минута, а вториот победничките два во 74 и во четвртата минута од судиското продолжување, а покрај тоа асистираше и за вториот гол на домаќините. За Милан прецизни беа М’Баје Нианг во 51 и Сусо во 55 минута. Гостите мечот го завршија со два играча помалку, откако во 75 минута беше исклучен Словакот Јурај Куцка, а две минути пред крајот и стрелецот Нианг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гутереш: На светот му се заканува нова студена војна со нуклеарен призвук
-
Сто илјади навивачи на улиците на Тирана
-
Пронајдено телото на работникот од Кавадарци кој беше пријавен за исчезнат
-
Цонга ја заврши богатата кариера
-
Ѓорѓевски: Благословот од СПЦ е без ниту едно условување, нѐ прифаќаат како што сме
-
Пендаровски: Политиката на отворени врати мора да продолжи, не само во однос на НАТО, туку и на ЕУ
-
Директор во скопска фирма физички нападнал вработена
-
Руската армија зазела уште еден град во Доњецк