-->
-->
Серија А: Квадрадо донесе победа за Јувентус над Интер
-->

Актуелниот италијански фудбалски шампион Јувентус синоќа на свој терен го победи Интер со 1:0 и направи голем исчекор кон одбрана на Скудетото.
Дербито во Торино го реши колумбискиот интернационалец Квадрадо со голот во 45. минута од средбата.
За „Старата дама“ ова беше 18.победа сезонава, додека Интер го претрпе првиот пораз по седумте победи во низа.
Од Македонците кои настапуваат во Серија А, Илија Несторовски со деветтиот свој погодок му донесе триумф на Палермо над Кротоне (1:0), на овој дуел за победничката екипа настапи и Александар Трајковски, додека Горан Пандев одигра 68 минути во поразот на Џенова од Сасуоло.
Јувентус е лидер на табелата со 54 бода, шест повеќе и натпревар помалку од второпласираниот Наполи, додека на третото место е Рома со 47 бода. Лацио е четврти со 43 бода, Интер е на 5.место со 42 колку што има и шесто пласираната Аталанта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Верските заедници ја поддржуваат трансплантацијата на органи
-

Срушениот потпорен ѕид на штипска Клиничка отворена закана за пешаците и возачите
-

Преглед на вестите од светот
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
