-->
-->
Серија А: Деби гол на Трајковски
-->
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски во 16.коло го постигна својот гол првенец во Серија А. Трајковски го постигна третиот гол за Палермо кој убедливо славеше над Фрозиноне со 4:1.
Екипата на Палермо го прекина постот и по три кола без победа славеше над Фрозиноне. Со оваа победа Силицијанците се искачија на 15-то место на табелата со 18 бодови.
Палермо по 20 минути имаше предност од два гола, откако мрежата на Фрозиноне ја погодија Голданиџо и Васкез. Самарко во второто полувреме ја намали предноста на Палермо, а потоа по на истекот на 60-та минута Трајковски постигна брилијантен гол за 3:1. Победата на Сицилијанците ја потврди ветеранот Џилардино во 86.минута.
Џенова, за која играше Горан Пандев до 71.минута загуби од Болоња (0:1). Џенова беше подобар тим, во првото полувреме пропушти три добри шанси, од кои една Пандев, а Болоња ги казни тие промашувања во 91.минута кога единствениот гол го постигна Росетини.
Интер, во последниот меч од саботната програма, славеше на „Фриули“ во Удине со 3:0. Интер до убедливиот триумф стигна благодарение на трите катастрофални грешки на дефанзивците на Удинезе. Икарди и Јоветиќ погодија во првото полувреме, а победата на лидерот на табелата ја потврди во самиот финиш кога стрелци беа Икарди и Брозовиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај