Сергеј Лавров следната недела во посета на Белград
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на 21 и 22 февруари ќе го посети Белград, по повод одбележувањето на 180-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Србија и Русија, соопшти српското Министерство за надворешни работи.
Како што се наведува во соопштението, Лавров доаѓа во Белград на покана на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.
По повод утрешниот празник - Ден на државноста на Србија, Лавров упати писмото со честитки до Дачиќ во кое се наведува дека е убеден оти „воспоставената вековна традиција на пријателство и взаемна поддршка, која и сега е од фундаментално значење, ќе придонесе неизмерно за натамошно продлабочување на билатералните врски во сите области“.
- Ова целосно одговара на интересите на народите од Русија и Србија, а придонесува и за зајакнување на безбедноста во балканскиот регион, додава Лавров во пораката.
На денешната средба на српскиот претседател Александар Вучиќ со рускиот амбасадор во Белград Александар Чепурин, на која му го врачи писмото со честитки за Денот на државноста од шефот на руската држава Владимир Путин, е оценето дека престојната посета на Лавров на Белград „ќе даде силна потврда за цврстото пријателство меѓу двете земји и ќе ги одреди приоритетите на идната соработка“.
Ново на Сител
-
Нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер
-
Состојба на патиштата
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом