Loading Video...
Свет
7. January 2021 - 16:48

Сенатот потврди - Џо Бајден е новиот американски претседател - 4-ца мртви при упадот во Капитол Хил

Четири лица загинаа при вчерашниот упад и обид за државен удар на приврзаниците на Доналд Трамп во американскиот Конгрес. Досега уапсени се 53 лица. Сепак, околу 12 часа по немирните сцени откако полицијата ја обезбеди областа, Конгресот го потврди Џо Бајден за нов претседател на САД, откако беа одбиени сите приговори на републиканците на изборните резултати. Во исто време беше потврдено дека Камала Харис ќе биде нова потпретседателка.

Претходно приврзаниците на Трамп упаднаа во Капитол Хил откако го ислушаа неговиот говор во паркот покрај Белата куќа. Градоначалничката на Вашингтон прогласи полициски час од 18 часот и беше активирана националната гарда на главниот град. 

Набрзо по верификацијата на победата на Џо Бајден, Трамп најави дека ќе има мирно предавање на власта од енгова страна.

- Од секогаш сум велел дека ќе ја продолжиме нашата борба за да осигураме дека се пребројуваат само легалните гласови, иако ова претставува крај на најголемиот претседателски мандат во историјата. Тоа е само почеток на нашата борба повторно да ја направиме Америка голема, се вели во изјавата на Трамп.

На немилите настани во САД реагираа и лидерите на најмоќните европски земји. Канцеларката Меркел денеска изјави дека во истовреме била тажна и лута по упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување во Конгресот и додаде дека Доналд Трамп носи дел од одговорноста за тоа.

- Длабоко жалам што Трамп не го призна оригиналниот пораз, изјави Меркел  додавајќи дека сомнежот во исходите на изборите создале атмосфера што довела до инцидентот во Вашингтон.

Францускиот претседател пак преку видео порака побара да не се попушта пред насилството на неколкумина кои сакаат да ја предизвикаат демократијата. 

- Она што се случи во Вашингтон дефинитивно не е американски. Веруваме во силата на нашите демократи, веруваме во силата на американската демократија, истакна Макрон. 

Демократите и официјално ја презедоа контролата врз Сенатот на САД откако ги освоија двете места во клучниот втор круг на изборите во Џорџија. Бајден официјално ќе биде инаугуриран во нов претседател на САД на 20 јануари.