Сенатот на САД го ослободи Трамп од обвиненијата за импичмент покренати од Претставничкиот дом

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на клучното гласање во Сенатот на САД во рамките на судската постапка за негово отповикување, беше ослободен по двете обвиненија покренати против него.
Трамп беше обвинет за злоупотреба на претседателската власт и попречување на работата на Конгресот и отповикан од Претставничкиот дом лани во декември.
Од 100 члениот Горен дом на американскиот Конгрес, 53 сенатори гласаа дека „не е виновен“, додека 47 гласаа „виновен“, и по двата предмети од обвинението.
Само 34 гласови беа потребни за негово ослободување.
Одговорноста на претседателот на САД се утврдува во две последователни фази. Првата е отповикување или импичмент, а втората е негова смена од претседателската функци. Според Уставот, Претставничкиот дом на Конгресот на САД е надлежен за отповикување на претседателот, а Сенатот за негова смена. За време на судењето, сенаторите стануваат судии-поротници, кои ја носат конечната одлука. Отповикувањето на претседателот се врши со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Претставничкиот дом, а смената од функцијата со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број сенатори.
Ново на Сител
-

ФАО: Цените на храната растат поради конфликтот на Блискиот Исток
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
