Сенатот на Мисисипи ги одобри смртните казни во гасна комора или со електрошокови
Сенатот на американската сојузна држава Мисисипи синоќа одобри гасната комора и електрошокот да се додадат како варијанти за извршување на смртната казна, што ќе се применуваат во случаите кога судовите ќе бидат спречени од државните власти да ги купат медикаментите за давање смртоносна инјекција, пренесоа американските медиуми.
Смртоносната инјекција е единствениот дозволен метод за егзекуција во Мисисипи. Државата е исправена пред судски предмети, во кои странките тврдат дека лековите што се планира да се употребат во смртоносната инјекција можат да ја нарушат уставната забрана за наметнување жестоки и необични казни.
На 8 февруари Долниот дом на државата Мисисипи гласаше за одобрување на егзекуциите со стрелање, електрошок или гасна комора. На 23 февруари комисија на Горниот дом го исклучи стрелањето и вчера гласаше за враќање на предлог законот во Долниот дом.
Државата не успева да се снабди со лекарствата што своевремено ги користеше. Во 2012 година беше последната егзекуција која се изврши на нејзина територија.
Вкупно 33 држави во САД дозволуваат извршување на смртната казна, но само Оклахома и Јута дозволуваат нејзино извршување со стрелање, соопшти Центарот за информации за смртна казна, цитиран од американските медиуми.
Ново на Сител
-
Православните верници го слават Богојавление - Водици
-
Учениците утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2024-2025
-
Доналд Tрамп планира патување во Кина по инаугурацијата
-
Вучиќ: Наскоро референдум или избори
-
Хамас: Поради технички причини, Израел се уште не добил список на заложници
-
Студено со негативни утрински температури
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар