Свет
5. May 2017 - 8:50

Сенатот го усвои законот за финанасирање на владата на САД

Американскиот Сенат синоќа го усвои Предлог-законт за финансирање на работата на федералната влада до крајот на фискалната 2017 година, која завршува на 30 септември. 

Законот беше усвоен со 79 гласови „за“ и 18 „против“. Сенатот го одбори законот само еден ден откако претходно тој доби поддршка и во Претставничкиот дом на Конгресот на САД.

Со усвоениот закон вкупниот обем на буџетот за преостанатиот период до крајот на оваа фискална година е утврден на 1,2 билиони долари.

Пред да стапи во сила, Законот треба уште да го потпише американскиот претседател Доналд Трамп. 

Крајнот рок за усвојување на законот истекуваше денеска, по што доколку тој не беше донесен, федералната влада на САД ќе се соочеше со проблеми во финансирањето на тековните потреби.

Усвојувањето на законот од страна на Конгресот, според американските медиуми, претставува прв сериозен успех на Трамп во законодавната сфера, но е далеку од победа, бидејќи тој обезбеди само минимални промени во нивото на трошоците.   

Со компромисниот предлог усогласен меѓу републиканците и демократите, се зголемуваат средствата за потребите на Пентагот, што беше приоритет на Трамп, но се обезбедени финансии на за проекти од здрвствената заштита, на што инсистираа претставниците на Демократската партија. 

Со законот, Пентагон доби 15 милијарди долари дополнителни средства за борба против тероризмот, како и 1,5 милијарди долари за засилување на граничните контроли, но не е предвидено финансирање на изградбата на највената ограда на границата кон Мексико.

Дополнителни средства, меѓу останатите федерални агенции, се обебзеднеи и за Националната аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА), за медицински истражување, за Федералното истражно биро (ФБИ), како и за Националниот здравствен институт, на што особено инсистираа демократите.